Македонија додадена вредност за пријателските македонско-албански односи

Заедничката европска перспектива да стане реалност: Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи

Сиљановска Давкова и Спиропали се согласиле дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ. 

Заедничката европска перспектива да стане реалност: Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи

Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета, соошти Кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова на средбата го поздравила напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.

Претседателката потсетила дека по 20 години кандидатски статус македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.

-Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки, се додава во соопштението.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Албанската министерка искажала силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.

Сиљановска Давкова и Спиропали се согласиле дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.

На средбата било констатирано дека во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија се препознава јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.

-Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка, се вели во соопштението.

Соговорничките укажале на потребата од засилена економска соработка и се заложиле за продолжување на одличната соработка во НАТО. Потенцирале и дека почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.

Најнови вести од Македонија

To top