Македонија амсм

Забрана за камиони кај Маврово и на правец Лисец – Попова Шапка

Забрана за камиони кај Маврово и на правец Лисец – Попова Шапка

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема (ланци).

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top