Македонија за леки коли е задолжителна зимска опрема

Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), иформира АМСМ.

Претходно АМСМ соопшти дека изутрина во 5.15 часот е воведена забрана за камиони на патот Струга – ГП „Ќафасан“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни  коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Од 10:00 часот на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) ќе има забрана за движење на товарни возила која ќе трае во наредните 48 часа заклучно со 10 јануари во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

To top