Македонија

За прпат во Македонија, сите средни училишта во Штип симулараа државна матура

Пред 17 години (2007), во Македонија за првпат беше воведена државната матура за учениците од гимназиско и од четиригодишно средно стручно образование. Од воведувањето, па сè до денес, државната матура претставува завршен дел на средното образование, кој воедно има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување во високото образование. Испитот се реализира според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

За прпат во Македонија, сите средни училишта во Штип симулараа државна матура

Пред 17 години (2007), во Македонија за првпат беше воведена државната матура за учениците од гимназиско и од четиригодишно средно стручно образование. Од воведувањето, па сè до денес, државната матура претставува завршен дел на средното образование, кој воедно има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување во високото образование. Испитот се реализира според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

Имајќи предвид дека државната матура за првпат беше воведена во 2007 година, во 2024 тестирањето ќе биде реализирано по осумнаесетти пат. Според наведеното, може да констатираме дека испитот бил спроведен седумнаесет пати од страна на средните училишта во Македонија, што нè води до заклучок дека овие институции го имаат потребното искуство и знаење и за нив ова воопшто не е новитет. Но, се поставува прашањето што е со учениците кои ќе полагаат државна матура во 2024 година?!

Дали тие ги имаат стекнато потребните знаења претходно, дали се подготвиле соодветно и колку се спремни да се соочат со самиот чин на полагање матура? Државната матура за матурантите во 2024 година претставува уникатно искуство, кое доколку се совлада успешно во првиот испитен рок во јуни, воопшто нема да биде повторено било кога во животот. Кога на ова ќе се додаде значењето кое го носи овој испит, може лесно да се заклучи дека стресот, па и стравот од државната матура е суштински елемент кој е присутен кај секој ученик без разлика на успехот кој истиот го покажал во текот на средното образование. Постои ли начин да се исклучат стресот, стравот, техничките грешки и слично од посакуваната крајна оцена? Како можеме да им помогнеме да нашите ученици да го покажат своето знаење без да бидат оптоварени со овие потешкотии?

Во насока на ова, Општина Штип во соработка со средните општински училишта за првпат реализираше симулација на државна матура. Анкетата спроведена пред реализација на активноста, покажа дека висок процент од испитаниците (89.6%), се изјасниле дека ќе учествуваат во симулацијата доколку истата биде реализирана од страна на училиштата. Симулацијата се спроведе во два термина,10.05.2024 година и 13.05.2024 година, и беа опфатени вкупно 128 матуранти од сите четири општински средни училишта. Самата симулација ги вклучи сите чекори кои се дел од овој испит, со што учениците добија автентично чувство за тоа како изгледа да се полага државна матура.

Само по себе се наметнува прашањето кои се очекувањата на општината и училиштата од реализацијата на оваа активност?!

Како прво самата симулација им овозможува на учениците да бидат поблиску запознаени со форматот на тестирањето, структурата на тестот, видот на прашањата кои вообичаено се дел од испитот. Податоците од минатото покажуваат бројни примери кога точните одговори на прашањата, не биле соодветно пренесени на дополнителниот лист за одговори, така што се добива помала оцена од реално заслужената, па дури и целосно непризнавање на тестот и повторно полагање на истиот во наредниот испитен рок.

Симулацијата всушност претставува еден вид вежба под притисок во форма на ограничено време на решавање, присуство на тестатор, училишни услови итн. Стекнување искуство за решавање на задачи под притисок, им носи на учениците искуство кое не би можеле да го стекнат на друго место. Како дополнителна придобивка од реализација на оваа активност е можноста на учениците реално да го тестираат своето знаење, а со тоа и да ги идентификуваат слабостите пред решавање на важниот испит. Самата симулација предвидува решавање на тест, што значи и можност за евалуација на знаењето на учениците. Доброто управување со предвиденото време е важно кога се решава тест од државната матура, а симулацијата им го овозможува на учениците токму тоа, максимално да го искажат своето знаење во ограниченото време кое им стои на располагање.

Наведените елементи им овозможуваат на учениците да го зголемат нивото на самодоверба, но во исто време и да ги насочат подготовките во областите во кои ги утврдиле своите слабости. Во исто време стравот како и стресот се очекува да бидат намалени, со што ќе се создадат идеални услови за да се оцени само знаењето кое го поседува ученикот, без влијанието на останатите фактори кои се придружен елемент на еден тест. На крај, самата симулација го тестира системот, ги детектира слабостите и нуди можност за повратна информација помеѓу учениците, наставниците и организаторите на тестирањето во насока на унапредување на самиот процес.

Општина Штип со симулацијата на државната матура очекува да се подобри успехот на матурантите на тој начин што испитот им беше целосно достапен. Средните училишта во општина Штип се грижат за ментално здравје на своите ученици и им помагаат да се ослободат од стресот и стравот.

Задоволни и мотивирани ученици во текот на целото средно образование, а секако и солидни резултати при полагањето на државната матура е приоритет на општина Штип и сите средни училишта!

Најнови вести од Македонија

To top