Македонија Акциска контрола на МВР

За брзо возење казнети 243 возачи

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

За брзо возење казнети 243 возачи

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на  Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 243 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 145 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести од Македонија

To top