Македонија

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

– Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Северна Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјави Вучиќ во гостувањето во Дневникот на ТВ Пинк.

Српскиот петседател Александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Северна Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, оцени дека „тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Северна Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјави Вучиќ во гостувањето во Дневникот на ТВ Пинк.

Тој додаде дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во Генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека Русите и Кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на Генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Најнови вести од Македонија

To top