Македонија УХМР

Врнежливо и студено до петок, на планините снег – викендот стабилизација на времето

Од сабота следува стабилизација на времето со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. до

Врнежливо и студено до петок, на планините снег – викендот стабилизација на времето

Под влијание на влажен и студен бран, времето до петок ќе биде облачно, студено и со чести врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен.

Според прогнозата на УХМР, од утре поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Во петок, со натамошно опаѓање на температурите, ќе има услови за снег и на повисоките места. На планините се очекува формирање значителна снежна покривка.

Од сабота следува стабилизација на времето со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. 

Најнови вести од Македонија

To top