Македонија

Врнежи од слаб снег во Тетово и на Попова Шапка, во Гостивар, на Стража и Пресека врнежи од дожд и снег

Врнежи од слаб снег во Тетово и на Попова Шапка, во Гостивар, на Стража и Пресека врнежи од дожд и снег

За потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал, денеска ќе се изведува минирање. Предвиден е времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница – мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top