Македонија

Времето утре и во наредните денови: Претпладне магла, преку ден сонце

Времето утре и во наредните денови: Претпладне магла, преку ден сонце

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, утринските часови ќе бидат магливи во делови од котлината, додека преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб северен ветер.

Времето во следните денови:

Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а по одделни котлини повторно ќе има услови за појава на магла.

Facebook/UHMR
To top