Македонија

ВРЕДИ: За ДУИ нема дно кое може да го пробие!

Коалицијата ВРЕДИ сочувствува со болката на семејството за нивната огромна загуба. Загубата на детски живот нѐ погодува сите и овој случај не смее да биде цел на политички злоупотреби. Но ДУИ, како и секогаш, покажува дека нема дно кое може да го пробие кога станува збор за лични политички интереси. Прават равенство меѓу нивните коцкарски дилови и загубата на детски живот. Срам и арам да им е!, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Подготвени се да ги ставaт рацете дури и во најдлабоките рани на народот за да си ја остварат својата игра. Целата јавност добро знае како ДУИ лошо се справи со пандемијата на КОВИД-19, оставајќи трагичен биланс на илјадници изгубени животи. Ова беше врвот на нивната корупција и неспособност, кога секој ден гледавме како здравствениот систем се уништува на штета на граѓаните. Кога беше време да застанат зад здравството, ДУИ се скрија зад своите афери и
корупциски шеми, покажувајќи дека за нив власта е поважна од животот на народот.

И денес, додека блиските на жртвите од Ласкарци бараат правда, нивниот случај намерно се влече низ судските лавиринти. ДУИ не сака вистината да излезе на виделина бидејќи тоа уште еднаш ќе ја открие нивната корумпирана и неодговорна страна. Наместо да побараат прошка за своите неуспеси, тие продолжуваат да копаат по сопствениот бунар на
манипулации.

Коалицијата ВРЕДИ нема да остане со скрстени раце додека ДУИ ја злоупотребува болката и трагедијата на граѓаните за свои политички игри. За нас, приоритет се граѓаните, нивната благосостојба и правдата – а не власта по секоја цена!, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Најнови вести од Македонија

To top