Скандалот што кружи по социјалните мрежи и медиумите, кој го потресе јавноста во Кичево и пошироко, ја откри црната страна на политичката култура што две децении произведува срам наместо одговорност, реагираат од ВРЕДИ.
-Обидите ова да се прикаже како „уценa“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник. Граѓаните на Кичево се доволно мудри да проценат сами и да одбијат секој обид недостигот на достоинство да се прикрие со големи зборови. Достоинството и јавниот морал не бараат експерти, туку луѓе со карактер. Во ваква ситуација, продолжувањето на кандидатурата не е веќе прашање на изборна трка, туку прашање на морал. Во интерес на граѓаните и на изборниот процес, кандидатот на НАИ треба веднаш да се повлече, рече тој.
ВРЕДИ порачува дека Кичево заслужува луѓе со достоинство, а не со скандали.