Дали сте забележале дека од парламентарните избори одржани на 8. Септември, па наваму, никаде во јавноста ги нема Артан Груби, Зоран и Фамилијата Заеви од Корелоне, Мила Цароска, Радмила Шеќеринска, Димитар Ковачевски кој последен пат е виден во Уранија со црвени гаќи за бањање и папучи, моќниот полицаец од подземјето Оливер Спасовски… Скриени, чекаат да видат од каде дува ветрот.
Ги нема, но иако тие се кријат од јавноста останаа последиците од нивното владеење. Пред се корупцијата и контролата врз комплетниот правосуден систем за да се легализира украденото. Нагонот за криење од јавноста е пропорционален на износот пари кои ги украле и сега се трудат да ги задржат за себе. Не баш сите, дел се планирани за поткуп на обвинители и судии кои ќе им обезбедат заштита. А ги има.
По нив, без претерување, со гаранција за исправна проценка од искуството од моите над 30 години следење избори и политика во Македонија, оставија руина од државен систем кој е во полоша состојба од било кога досега. Кој мисли поинаку можеби треба да посети лекар, и провери во која фаза на Алцхајмер е.
И, сега не е прашање дали оваа нова власт, која е формирана пред само два месеци, ќе биде подобра или полоша од пртеходната. Полоша не може да биде дури и да сака, а само подобра да биде не е доволно, тоа се подразбира. Новата власт има потешка, најтешка задача, да формира цел државен систем и да ја врати државата на фабричко подешавање. Пред се – пак да биде држава со сите нишани, а потоа и успешна држава. Дали Мицкоски и компанија тоа го можат. Да, го можат. Особено ако им дадеме јавно, и секојдневно поддршка, нормална држава ни е потребна на сите
Прашање број еден е како дозволивме до овде да паднеме? Кој одговор и да одберете ништо не решава, ништо не помага… Затоа, да одиме на второто прашање: Како од ова да излеземе.
Прво, и најважно, е дали имаме визија како треба за да се врати државата на фабричко подешавање. Да има институции и систем кои функционираат.
Како и во секој друг случај треба ресет. Гаснење на делот од системот, анализа врз него, и по потреба замена, палење и подигање на системот и фрлање на работа со исправен систем во рацете. Тоа е техничко, а и општествено, правило.
Ако не за друго, за едно ќе се сложиме речиси сите: нашиот државен систем тотално пропадна загрозувајќи го и националниот идентитет и етничкиот баланс и опстанокот на државниот систем пред се од корупција, заради корупција… За кеш пари власта беше подготвена да направи се. И направи се што им носеше личен профит.
Слушам, читам по портали и социјални мрежи, да се поапсат сите сомнителни, Панче да ги “комбира“ и право во затвор. А после да се натераат да ги вратат украдените пари… Тоа за најголем дел од јавноста е прв чекор што го бараат од новата власт и мислат дека со тоа се ќе се среди државата. Системот.
Но, дали тоа оди баш така, и дали само тоа? Можеме да очекуваме почеток на акција од страна на владата, на МВР, веќе во септември. Но, што потоа?
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, полицијата, немаат законска дозвола да направат ништо повеќе од апсење и поднесување пријава до обвинителство кое решава што и како понатаму. Толку се нивните овластувања.
А Обвинителството е се уште под контрола на Заеви, Дуевци, Артани… и тука запира амбицијата на полицијата и концептот на Панче Тошковски. Или Обвинителството ќе ја одбие пријавата како неоснована, или ќе се тегне со предистрага и истрага додека не се забошоти случајот или, ако баш мора, ќе се поднесе “спакувно“ обвинеие по кое судот не може ништо да реши на штета на вистинските криминалци. Суд може да суди само за за она и според она што и како пишува во обвинението.
Случајот со обвинението и судењата на издавање над 200 пасоши на регионални нарко дилери и криминалци под контрола на Оливер Спасовски е најдрастичен таков случај. Корупцијата имаше регионално и тектонско значење, меѓународен скандал, па мораше да има судење. Обвинителството спакува „соодветно“ обвинение со кое се вршеше замачкување на јавноста и божемно затворање на случајот.
Се осудија на симболични казни службеници небаре издале фалца карти за фудбалска утакмица. А потоа, заради малите казни кои ја збеснаа јавноста, партиските портали и ботови по социјалани мрежи елегантно го усмеруваа гневот кон судијката… А како да суди за нешто или некој што ги нема во “спакуваното“ обвинение.
И, најпосле, што да очекуваш од Обвинителство во кое доминира моќта на обвинителите преземени од СЈО за кое Антокорупциска заклучи дека се корумпирани од Катица Јанева со незаконска исплата за хонорари над 3 милиони евра. Се отвори случај и Обвинтелството оцени дека – нема основ за обвинение😊против самите нив.
Еве, и да помине некоја пријава од МВР низ Обвинителството и да доспее на Суд. Да се суди. Кој ќе суди? Судиите со 3% доверба во јавноста. Судиите кои досега за дури 97% обвинеија пресудија вина а ослободија само 3% обвинети од кои, убедливо најмногу, се нарачките за ослободителни пресуди од СДСМ и ДУИ. Обичен граѓанин има само 3% шанси да биде ослободен од обвинение, без оглед на доказите.
А кога предметот ќе дојде до Апелација, кога граѓанинот ќе се жали на пресудата… е тоа е крај на филмот. Апелација е тотално контролирана од кланот Заеви и шефовите на ДУИ. Тотално! Кога шеф на скопска Апелација е Мери Дика, за која во судењето за Боки 13 се покажа дека му е на списокот за шетање по Милано и користење преку неа да се земат пари од такс фри… и на најнеписмениот му е јасно што е скопска Апелација.
Нејзина сестра е Агапи Дика, беше сведок во судењето за Меѓунарден сојуз на Боки 13, каде таа, како претседателка на Собранието на Меѓунардоен сојуз на Боки 13, во својство на сведок на судење на 18.03.2021 изјави “дека потпишувала договори од страна на Меѓународен сојуз но – само формално???!!!“.
Порталот Сведок, кој стручно се занимава со судска пракса, на 03.02.2023 објави текст за судењето на Боки 13 и изјавите на Мери Дика, кума на фамилијата на Боки, која изјави дека не може да зборува за кривични процеси бидејќи била “граѓански судија“.
“Од досега јавно објавените фотографии се гледа дека судијката Мери Дика и мајката на Боки 13, Јасмина Јовановска, ја свртеле цела Европа, отседнувајќи во хотели, каде што спиење со доручек е од 500 до 700 евра за ноќ па погоре. Мери Дика во скапи брендирани парчиња и ташни се појавуваше и на забавите на Боки 13, но никој не се заинтересира дали може да се купат од судиска плата така скапи парчиња, а во меѓувреме да се издржува и син кој живее во Милано, и како што рече денеска во судница Дика, често оди да го посети“, напиша Сведок во таа прилика.
Патем, според имотниот лист од 2023-та, судијката Мери Дика вози Мерцедес.
Дека шефицата на скопска Апелација Мери Дика, кога ќе затреба, прилично често употребува заклучок дека некој потпишал договор “само формално, или спротивно на своја воља“ дури и пред адвокати и нотари ќе стане збор во друга прилика.
Е тоа се само пар инсерти од судтството за кое Мицкоски, и владата, бараат реформи. За почеток, распуштање на судскиот и советот на обвинтелите кои ги одбрале ваквите обвинители и судии, а потоа ги штителе во нивната работа каква што е, а некои од нив свесно ги штителе и во очигледна корупција.
И може ли да се гони корупција со вакво обвинителство и суд? Со овој состав, ваквата пракса и тесните врски помеѓу криминалот, политиката, обвинителите и судиите? Може Панче Тошковски да биде и тродупло стручен и активен од ова што сега го прави но, тој не суди, а без судење, фер и законско, нема чистење корупција.
Се слушаа, повремено, и некои меѓународни совети владата и собранието да не вршат потребни реформи во правосудниот систем, да си остане тој каков што е! Практично, совети Собранието да не се занимава со сопствената работа.
Овие гласови, како под команда, брзо се ширеа низ порталите и “партиските невладини“ на СДСМ и ДУИ со трансформација дека не се совети туку наредби од “меѓународните пријатели и партнери“… Градат јавен фронт за заштита на корупцијата и заинтересираните лица од доскорешната корумпирана власт.
Што може тука Мицкоски? Ако оди по сугестиите на тие совети корупцијата ќе опстане, за кратко време корумпираните од СДСМ и ДУИ со огромен украден капитал од над две милијарди евра ќе се реорганизираат, ќе ги задржат своите позиции во обвинителството и судството и ќе купуваат јавност во секоја смисла за своите цели.
Бидејќи така корупцијата ќе опстане, ќе следат нови европски и стручни меѓународни извештаи дека “Македонија не се справува со корупцијата“ и за година – две ќе се изгради впечаток дека по прашање на корупцијата ништо не се сменило.
Потоа, следи враќање на власт на Фамилијата Заеви. Не толку лично колку посредно со луѓе од нивната околина, под нивна контрола и на нивниот платен список.
Но, Македонија знае дека ова и е последна шанса за враќање на фабричко подешвањање. Да биде пред се држава, правна и социјална, да биде своја. Кога болен човек предолго лежи во кревет, тој никогаш нема да се врати на старата, добра и ефикасна состојба. Никогаш нема да се врати на фабричко подешавање.
Затоа – време е.
Пишува: Д.П. Латас