Македонија амсм

Возете внимателно: Магла на неколку патни правци

Возете внимателно: Магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради магла утринава има на патните правци кај Неготино, Демир Капија, Охрид, Сарамзалино, Делчево и патниот правец Катланово – Велес. Видливоста, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Најнови вести од Македонија

To top