Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринрство, денес во Гостивар, спроведоа вонреден инспкециски надзор во пицерија ресторан, по добиена информација од гостиварскиот Центар за јавно здравје дека вчера 9 лица биле пријавени со симптоми за труење со храна. Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна ( пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица.
На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица.
Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување. АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, и операторите и потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел спречување на ризици од појава на можно труење со храна.
Во функција е бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 на Агенцијата за храна и ветеринарство каде може да се пријави секој сомнеж во безбеднста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на [email protected].