Водостоите на дел од реките во земјава се повисоки од просекот за декември. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат порадоците од мерењата што ги врши УХМР.
Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на сите мерни места. Повисок востостој се бележи кај реките Треска, Бабуна, Радика и Сатеска, како и на одредени мерни места кај реката Пчиња. Доста понизок водостој од просекот за овој месец се бележи кај реките Црн Дрим, Црна Река и Струмица.
Според податоците од УХМР, температурата на Охридското езеро измерена утрово е 9,5 степени целзиусови, на Дојранското 7,5 и на Преспанското 6 степени. Температурите на сите три езера се под просекот за овој период од годината.