Нова прес-конференција, нова поплава на печатни грешки. 50-ти ден СДС бламажи и гњаважи зачинети со удар по сите сетила, особено врз интелигенцијата на граѓаните. Денеска на смена е Богданка, пролепшана од одморот од скоро една недела, период во кој Филипче и Јон се „потепаа“ од настапи и ширење „феј-њуз“ и демагогија. Не бадијала, по кулоарите на Бихаќка се шушка дека Јон е новиот чувар на тронот на Заев, кој по избори – кога и да бидат, ќе го замени лузерот Филипче. Заев, не ќе може да му ги прости двата дебакла, еден минат и другиот во најава. Обид да го обелат образот на СДС, кој ќе заврши саде со белеење на носот…
Како и да е, на денешниот прес пропратен со соопштение преполно со печатни грешки (ОБИВНИТЕЛСТВОТО, ЕДЕНА и др.), Богданка во име на Филипче, Фани, Јон, Ана и Жерновски се пожали дека нивните „петарди“ кои тие самобендисано ги викаат „бомби“ (за да му направат ќеф на стопанот Заев), не допирале до јавното обвинителство (поточно, ОБИВНИТЕЛСТВО). Замисли, никој не отворил истраги за пласираните лажни вести, клевети и лични дисквалификации од Бихаќка? Дури и ги набројуваат сите „петарди“ за кои добија само еден куп најави за кривични за клевета од споменатите личности во нив.
И така „промуќурно“ срочија:
Сите знаат дека ги лиферуваат само колку да ги има во јавноста, за да бидат ВИДЛИВИ и да се жалат дека врхушката е под некаков си „политички прогон од режимот“, а не за арамилакот и апашлукот во време на владеењето, тоа им е јасно на сите затоа што ЈО веќе отвори истрага за рекетот на Заев и Филипче врз Жан Митрев, кој да ти имал и писмени докази за обвиненијата, башка што на ред се отворањата на десетиците предмети кои Коцевски ги криеше по фиоките.
И ќорава кокошка ќе клукне некое зрно, така и СДС еднаш е во право, овојпат кога така Фројдовски лелекаат:
