Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно правната комисија, Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми во второ читање е единствена точка на дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледат Информацијата за потребата за изменување на Договор за обезбедување на услуги – ремонт на Ми-8Т хеликоптери на Министерството за одбрана, со усогласен текст на Анекс бр.1 кон Договорот.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата има четири точки – Утврдувањето Предлог – одлука за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, Разгледувањето на барањe од заменик министeр во Влада на Република Северна Македонија, Разгледувањето на барање од пратеник за утврдување на надоместок на закупнина на стан и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за определување на коефициентите за утврдување на плата на Претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија.