Како што стои во образложението објавано на собраниската веб страна за Информацијата потпишана од министерката за одбрана Славјанка Петровска, Амандманот 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, е со важност до 07 јуни 2024 година.
-Врз основа на член 8 став 5 од Законот за јавните набавки во одбраната и безбедноста и член 13 од Уредбата за начинот на доделување на договори со влади на странски држави и Извадокот од Нацрт-записникот од 12-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2024 година, со број 41-3655/2 од 26 март 202 година, предметниот материјал има за цел да ја информира Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија за потребата на доделување на Амандман број 5 Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, се вели во Информацијата.
Имено, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија со Стратегиски одбранбен преглед ги согледа потребите за реформа на одбранбениот сектор за негова интеграција во НАТО. Со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности се трасира патот на реформите во одбрана и дава рамка за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија за постигнување на целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО.
-Еден од клучните проекти за опремување на лесната пешадиска баталјонска група со современа борбена техника е проектот за набавка на лесни оклопни возила на тркала, кој е предвиден да се реализира во периодот 2019-2027 година. Со Извадок од Нацрт-записникот од Деведесеттата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 25.09.2018 година, донесен е заклучок со кој се задолжува Министерството за одбрана во соработка со Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, да ги искористи можностите кои ги нуди Програмата за набавка на нова и современа опрема со западни платформи ERIP (European Recapitalization Incentive Program), потребна з аопремување на декларираните сили, посебно за лесната пешадиска баталјонска група, стои во Информацијата.
Во Информацијата се посочува дека со Извадок од Нацрт-записникот од Сто и седумдесет и втората седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 24 декември 2019 година, Владата донесе заклучок се го прифати Договорот со владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија согласно Писмото за понуда на прифаќање на понудата (Letter of Offer and Acceptance-LOA0 FMS Case MK-B-UCC од 12 декември 2019 година.
-Целокупниот проект се однесува за набавка на 96 лесни оклопни возила JLTV од производителот OSHKOSH. Во периодот од 2019 година заклучно со 2023 година, во однос на предметната набавка досега се склучени четири Амандмани кон договорот и вкупно се порачани 71 лесно оклопно возило JLTV. На ден 22 март 2024, од Владата на Соединетите Американски Држави добиен е Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, кој се донесува на набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила, со што ќе се комплетира набавката на овој вид на возила, се вели во Информацијата.
Се посочува дека Управната група во Министерството за одбрана го разгледала Амандманот број 5 и донесе заклучок дека текстот е усогласен помеѓу Канцеларијата за одбранбена соработка од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Министерството за одбрана, Амандманот 5 е во согласност со писмото за барање за конкретна набавка, претходните одлуки на Програмска и Управна група во Министерството за одбрана за набавка на лесни оклопни возила на трката JLTV, со што се исполнети условите од членот 11 од Уредбата, односно ги содржи елементите утврдени со ФМС процедурите и истото претставува договор за набавка и да продолжи постапката и пред Владата на Република Северна Македонија, со цел негово донесување.
-Со набавката на преостанатите 25 лесни оклопни возила JLTV и со склучувањето на Амандман 5 кон договорот влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, ќе заврши првата фаза за опремување на Армијата и лесната пешадиска баталјонска група со лесни оклопни возила на тркала JLTV, набавката ќе се изведе поекономично и поефикасно и како краен резултат ќе се реализираат причините поврзани со интероперабилноста на меѓународни операции и мисии, нужните потреби за функционирање на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународни операции и мисии, со што сметаме дека се исполнети условите утврдени во член 4 став 1 алинеја 1, 2, 3 и 6 од Уредбата, се посочува во Информацијата.