Македонија

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за култура и туризам, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, сите во второ читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во прво читање.

На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за домување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, и двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство – Второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките – Второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност – Второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права – Прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за домување – Прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во прво читање.

Најнови вести од Македонија

To top