Македонија

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно правна комисија.

Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, и двата по скратена постапка.

На Законодавно правната комисија се три точки – Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во второ читање.

Најнови вести од Македонија

To top