Извори од Министерството додаваат дека шефот на дипломатијата и премиерот оваа недела во Брисел ќе имаат средби со лидери од регионот, но ќе остварат и билатерални средби со високи претставници на ЕУ, на кои, додаваат изворите, ќе ги презентираат „нашите клучни аргументи од гледна точка на стратешката определба на Владата“.
Според нив, дијалогот со Бугарија треба да продолжи и да се нуди решение. Велат дека заклучоците на Советот на ЕУ не мора да се променат за да се прифати позицијата на новата влада за одложена примена на уставните измени.
Додаваат дека позицијата е дека Северна Македонија ќе разговара, но дека не е подготвена да оди напред под овие услови, со кои се предвидуваат уставни измени за да се отворат преговарачките поглавја.
Според нив, не постои гаранција дека ова ќе биде последната билатерална отстапка што ќе се бара од Бугарија, и оти на овој начин се создава опасна пракса којашто и штети и на политиката на проширување, додавајќи дека во наредниот период дипломатијата ќе се фокусира убедувајќи ги останатите земји-членки на ЕУ дека земјава направила многу отстапки на патот кон ЕУ.
Извори од Министерството додаваат дека на претстојното Генерално Собрание на ОН што ќе се одржи идната недела во Њујор, ќе се одржи билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Грција.