Македонија ухмр

Во следниот период пороен дожд и грмежи, дневните температури во опаѓање

Во следниот период пороен дожд и грмежи, дневните температури во опаѓање

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Особено нестабилно ќе биде утре и в сабота, a в недела ќе има помали услови за нестабилност. Oд понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има услови за појава на локално невреме.

Во Скопје, од утре до средината на следната недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

За време на продолжениот викенд минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а максималната температура од 25 до 33 степени.

Најнови вести од Македонија

To top