Македонија

Во прекин пловидбата во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата

Во прекин пловидбата во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата

Пловидбата по Каналот Студенчишта во Охрид денеска ќе биде во прекин, и тоа во периодот од 9:30 до 12 часот, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“.

Забраната е воведена поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што во посочениот период ќе се одржува Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата.

Од СВР Охрид се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција.

To top