Македонија ЦУК

Во последното деноноќие 1856 повици на 112, осум пожари на отворено

-Кон Полиција биле упатени 65,79 проценти, кон Итната медицинска помош 25,19 проценти, а кон пожарникарите 4,89 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 961 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,63 отсто и на 47,28 отсто именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи, соопшти ЦУК.

Во последното деноноќие 1856 повици на 112, осум пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1856 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто реални повици биле 48,60 проценти, а 51,40 биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

-Кон Полиција биле упатени 65,79 проценти, кон Итната медицинска помош 25,19 проценти, а кон пожарникарите 4,89 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 961 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,63 отсто и на 47,28 отсто именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи, соопшти ЦУК.

Во последното деноноќие биле регистрирани осум пожари на отворено коишто се и пријавени и документирани во ЦУК. Регионалните центри за управување со кризи Куманово, Тетово и Штип бележат по една интервенција во нивните региони, а Регионалниот ЦУК Скопје бележи пет пожари на отворено.

-Конкретно, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, од 13:30 до 15:00 часот гаселе запалена шума и трева кај село Грушино во Општина Арачиново, на површина од 3500 квадратни метри. Од 16:05 до 17:35 часот со едно ПП возило и тројца пожарникари гаселе запалена депонија во с. Брњарци во Општина Гази Баба, на површина од 500 квадратни метри, и од 16:10 до 17:35 часот, со едно ПП возило и тројца пожарникари гаселе запалена трева и ѓубре во Јурумлери, општина Гази Баба, на површина од 200 квадратни метри. БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие бележи уште две помали интервенции, наведува ЦУК во известувањето.

Паралелно со пожарите на отворено, пожарникарите гаселе и пожари во населени места, на територија на целата држава.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

-Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, соопшти Центарот за управување со кризи.

To top