Како што информираа од здружението, групата ученици и нивниот ментор го посетија „Барскиот екосистем – Езерце“ кој се наоѓа на источната страна во градот и нуди содржини за одмор, рекреација и релаксација.
– По повод денешниот ден, децата имаа можност да се запознаат директно на терен со суштинското значење на растителниот и животинскиот свет, но и за добросостојба и здравјето на луѓето, особено на тие што живеат во нивна близина. Доколку се наруши природната рамнотежа во водните живеалишта ќе бидат засегнати човекот, земјоделството, економијата туризмот, риболовот и друго, истакнаа од Едукативниот центар во Пехчево.
Климатските промени, како што додадоа, исто така биле тема на разговор во рамки на денешното одбележување на настанот. Учениците преку набљудување, мерење на Ph и температурата на терен ја согледаа важноста на влијанието на климатските промени и како влијаат киселите дождови врз водните живеалишта. Идентификуваа потреба од поголема грижа и заштита на овие екосистеми, додадоа организаторите на настанот.
Активноста е дел од проект на „Мрежата за искуствено учење“ кој преку бројни работилници врши истражување на „Водните екосистеми и жив свет во бари и тресетиште“.