Македонија

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме.

– Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.334 гласачи, што е за 123 гласачи повеќе споредено со последниот изборен циклус, локалните избори во октомври 2021 година. Вчера своето граѓанско право го остварија 29 болни и изнемоштени лица, рече Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија во Дебар.

Според Неџип Илјаз, претседател на ОИК-Центар Жупа и во оваа општина избрачките места се отворени точно навреме.

– Се гласа на 16 избрачки места, 9 се во Центар Жупа, по едно во населените места Броштица, Новак, Еленци, Брештани, Праленик, Коџаџик, Долгаш. Вчера правото на глас го искористија 3 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.383 со право на глас или 306 повеќе, во однос на повторените избори за градоначалник во април 2022 година.

To top