Македонија

Во Њујорк одбележана 30-годишнината од македонско-американските дипломатски односи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Соединетите Американски Држави, што се одржа во Њујорк.

Сиљановска-Давкова порача дека посакува и во следните 30 години да го продолжиме стратешкото партнерство со САД, бидејќи живееме во турбулентни времиња во коишто е неопходна меѓусебна поддршка на глобален план.

Обраќајќи им се на претставниците од македонската дијаспора, таа оддаде почит за нивните успеси и им посака да останат сплотени и обединети. Претседателката изрази уверување дека заедно можеме да работиме на подобрување на животот во татковината.

-Должни сме кон вас. Јас ветувам дека ќе сторам сѐ да ги интензивираме контактите и тогаш кога сме одвоени, рече таа, додавајќи дека час поскоро ќе го формира Советот за дијаспора преку којшто континуирано ќе се регулираат односите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На настанот присуствуваа претставници на американските владини институции, македонски дипломати во САД, како и претставници на македонската заедница.

Најнови вести од Македонија

To top