Македонија ќе се реши децениски проблем

Во Неготино почна постапка за изградба на резервоар за вода за пиење и потисен цевковод во Тремник

Во Неготино почна постапка за изградба на резервоар за вода за пиење и потисен цевковод во Тремник, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.

Во Неготино почна постапка за изградба на резервоар за вода за пиење и потисен цевковод во Тремник

– Врз основа на апликацијата до ресорното Министерство со доставен основен проект и одобрение за градба, општина Неготино преку Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди финансиски средства во висина од 22.600.000 денари за изградба на потисен цевковод и резервоар за вода за пиење во село Тремник, соопштија од Службата за информирање при Општината.

За таа цел, додадоа оттаму, Министерството за животна средина и просторно планирање објави јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изведување на работите.

– Предмет на овој проект е изградба на потисен цевковод со должина од 3.300 метри почнувајќи од бунарот до новиот резервоар, како и изградба на резервоар на вода за пиење со капацитет од 250 м3 во Тремник на КП 3977, појаснија од општинската пресслужба.

Со реализацијата на проектот, рекоа, ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа жителите на селото, со напомена дека предвидениот период за експлоатација на резервоарот изнесува 30 години.

– Исто така, Општина Неготино има изготвено и проектна документација за комплетно асфалтирање на целата улица, долж која ќе се поставува потисен цевковод, нагласија од пресслужбата при локалната самоуправа.

To top