Македонија

Во Лазарополе и Берово најниски температури, во Гевгелија најтопло

Во Лазарополе и Берово најниски температури, во Гевгелија најтопло

Во Лазарополе и во Берово утрово најтопло со измерени 10 и 11 Целзиусови степени, додека најтопло е во Гевгелија со 21 степен.

На Попова Шапка измерени се 13 степени, 14 во Битола, Претор и Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп и Дебар, 16 Крушево, 17 степени во Скопје-Петровец и Струмица, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница и Велес, 19 степени во Кавадарци и 20 степени во Демир Капија.

За изминатите 24 часа до 08 часот наврнат воден талог (во l/m2), како што информираа од УХМР, има 5 Дебар, 2 Лазарополе, 1 Берово.

Во текот на ноќта во најголем дел од земјава времето беше ведро, утрово е сончево, во крајните западни и источни делови со мала до умерена локална облачност. Дува слаб променлив ветер.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

To top