Македонија петта академија за здравство

Во Кавадарци петта академија за за здравство на тема „Примарно здравство и превентивна медицина“

Во Кавадарци започнуваме со ПЕТТАТА АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВО НА ТЕМА ПРИМАРНО ЗДРАВСТВО И ПРЕВЕНТИВНА МЕДИЦИНА, информираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Одличен спој на струка, знаење, квалитет на експерти од фелата и невладин сектор чие присуство и фидвек за нас се од непроценливо значење. Поздравни обраќања на ПЕТТАТА АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВО која се оддржува во Кавадарци ќе имаат и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Акцент на ПЕТТАТА АКАДЕМИЈА ставаме на актуелната состојба и предизвиците на примарното здравство и превентивна медицина, важни начела при практикувањето на примарната здравствена дејност и едукативен дел со фокус на аерозагадување – приоритетен јавно-здравствен и еколошки проблем.

Опфатени се и темите за значењето на примарната здравствена заштита и здравјето на работниците – современи предизвици, како и стратегиски менаџмент во јавното здравство и улогата на медицинските сестри – лидери во здравството.

Предлозите и иницијативите на Здружение лекари за семејна медицина и НВО за трансплантација се една додадена вредност за ПЕТТАТА АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВО и продолжуваме со ваквиот пристап до заедничко изнаоѓање најдобри решенија во интерес на пациентите, здравствените работници и целиот здравствен систем.

Најнови вести од Македонија

To top