Македонија Таче и Груби во Лотарија?

Во истрагата за Лотарија вклучен и екс премиерот Димитар Ковачевски

Се проверува и работењето на екс премиерот Димитар Ковачевски и неговото влијание во случајот.

Во истрагата за Лотарија вклучен и екс премиерот Димитар Ковачевски

Потврдено е дека екс премиер и прв вицепремиер се дел од аферата со криминалот во Лотарија на Македонија. Во истрагата за сомнежите за криминал во Лотарија на Македонија вклучен е и екс премиерот Димитар Ковачевски, дознава Курир од извори во истрагата. Се проверува неговото работење и влијание во случајот.

Полициски екипи утринава вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Според информации на Курир, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден.

Извори за Курир брифираат дека се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.

При извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари.

Артан Груби, од пред само два дена „поранешен“ висок функционер на ДУИ се наоѓа на Косово.

Најнови вести од Македонија

To top