Македонија претседателски избори 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот

За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот

Пендаровски е покровител на фалсификуваните документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за изработија на истите имаме основани сомненија дека стои АР водена од Еролд Муслиу близок на Пендаровски и Миле Зечевиќ како посредник преку кого одат плаќањата.

Пендаровски призна дека се видел со Асаф Еисин и дека средбата е организирана од СДС.

Со оглед на тоа што СДС не пријавиле дека го плаќаат Еисин, се поставува прашањето од кое со денови бегаат. Како е платен Асаф Еисин и дали е платен во кеш со црни пари од тендерите во РЕК Битола?

Во недостаток на програма и понуда, Пендаровски и СДС прибегнаа кон црна кампања, но попусти им се сите обиди. Народот бара промени. Граѓаните ќе си ја вратат Македонија. Иднината е во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде на граѓаните, стои во соопштението на партијата.

Најнови вести од Македонија

To top