Македонија За прв пат во 20 години постоење

ВМРО-ДПМНЕ: Во Аеродром истовремено се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала

За да се воведе ред во овој урбан хаос и тоа веќе може да се потврди и статистичките податоци кои покажуваат дека во овој четиригодишен мандат, споредено со претходниот, бројот на издадени одобренија на нови згради е намален за 86%, соопшти владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Аеродром истовремено се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала

Четиригодишниот мандат на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше посветен на решавање на проблемите и хаосот создаден од претходниците, па потоа се премина на развој на општините. Еден од овие примери беше и општина Аеродром, која беше наследена со целосен урбан хаос, во која имаше повеќе кранови за згради, отколку насадени дрвја, ссопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И затоа на ова прашање беше посветено посебно и максимално внимание, за да се воведе ред во овој урбан хаос и тоа веќе може да се потврди и статистичките податоци кои покажуваат дека во овој четиригодишен мандат, споредено со претходниот, бројот на издадени одобренија на нови згради е намален за 86%.

Ова значеше многу помалку станови и многу повеќе вложување во инфраструктурата.

Во Аеродром за прв пат во исто време се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала, нешто што досега не се случило 20 години откако постои општината“, потенцираат во соопштението од владејачката партија.

Од даму додаваат дека во општината се градат проекти коишто не се само железо и бетонска конструкција, туку се градат проекти кои значат радост за децата и проекти од кои ќе произлезат идните македонски спортисти. Изминатите четири години, во спортската инфраструктура се вложуваше како никогаш до сега. На територија на цела општина Аеродром изградени и реконструирани се повеќе од 20 спортски игралишта, како и над 30 детски игралишта.

„Не беше заборавена ниту инфраструктурата, така што реконструирани се повеќе од 40 илјади метри квадратни улици и тротоари, а во моментов се работи на уште дополнителни 20 илјади нови метри квадратни.

Покрај ова, посебно внимание се посвети и на отчетноста и транспарентноста пред граѓаните, така што Аеродром од целосно затворена општина за граѓаните, се претвори во втора најтранспарентна општина во Македонија.

Тоа се должи на посветена работа во интерес на граѓаните и решавањето на нивните проблеми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

To top