Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ преку владиниот секретаријат за една година потрошила 23 милиони евра на сомнителен начин, додека немаше пари за лечење, учебници за учениците

Владата предводена од СДС и ДУИ наместо да се грижи за граѓаните се грижела за интересот на поединци и за партискиот интерес, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот завод за ревизија за 2021 година констатирал неосновано исплаќање на средства од страна на Генералниот секретаријат на Владата. Генералниот секретаријат исплатил средства на несоодветен начин од делот владини програми во 2021 година во износ од 1.404.711.000 денари, односно 23 милиони евра. Додека Генералниот секретаријат исплаќал неосновано 23 милиони евра граѓаните се лечат во несоодветни услови, собираат пари за лекување на деца со помош на смс пораки, учениците не добиваа учебници, цената на струјата се покачи и слично, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е еден од многуте примери за недомаќинско трошење на парите на парите на граѓаните од страна на владата предводена од СДС и ДУИ. Секој кој постапувал спротивно на законот мора да одговара, додаваат од владејачката партија.

To top