Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ само во првите шест месеци од преземањето на одговорноста да ја води македонската Влада, се постигнаа договори со синдикатите и се потпиша колективни договори за историски раст на платите на сите вработени во здравство и образование, наведуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Паралелно на тоа, со септемвриската исплата следеше и историско линеарно покачување на сите пензионери од 2.500 денари кое, за исто толку, ќе продолжи и со исплатата на пензии за март месец.
Годинава ќе има повторно зголемување на минималната како и на сите останата плати.
Покачувањето на платите и зголемувањето на животниот стандард е приоритетна заложба на владата и тоа ќе се постигнува на одржлив начин преку економскиот раст“, потенцираат од партијата.
Со ова темпо на раст на економијата и реализација на капиталните инвестиции, како и странските инвестиции дополнително ќе расте животниот стандард на граѓаните кој, само по себе, ќе овозможи одржлив и долготраен раст на платите во сите сектори во државата, наведуваат во соопштението.