За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Да видиме каде сме треба да знаеме од каде почнавме и што наследивме? За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што се случувало? Каква држава остави владата предводена од СДС? Држава која тоне во корупција и криминал, скандалозни тендери, руинирани институции, Македонија на дно во регионот по сите параметри и што уште не, листата е долга. Во низата скандалозни тендери се и оние на Македонски железници и Државни патишта. Станува збор за тендери за пругата кон Бугарија и патот Прилеп – Градско, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека станува збор за најскап тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а вредноста е зголемена за 220 милиони и изнесува 560 милиони евра наместо првично предвидените 340 милиони евра.
-Овој начин на работа, вакво трошење на народните пари останува во минатото. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.