Македонија на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ за политички прогон

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека овие тврдења сериозно ја доведуваат во прашање независноста на судството во период на владеењето на СДС и ДУИ. Партијата смета дека имало системски притисоци врз носители на правосудни функции и злоупотреба на институциите за политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ за политички прогон

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека власта на СДС била одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев.

-Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица носеле одлуки по нарачка на Заев и Ахмети а тие кои одбивале да бидат послушници биле разрешувани од функциите. Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во интервју посочи дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Катевеновски вели дека во 2019 година, го добил случајот од поранешното СЈО, за кој требал да даде мислење, но како што вели тој немало никаква правна можност, ниту пак некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот. Според Катевеновски, за конкретниот случај не постоела правна основа за поинакво постапување, а одлуката за негово разрешување следувала непосредно по неговото одбивање, стои во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека овие тврдења сериозно ја доведуваат во прашање независноста на судството во период на владеењето на СДС и ДУИ. Партијата смета дека имало системски притисоци врз носители на правосудни функции и злоупотреба на институциите за политички цели.

-Судиите и обвинителите послушници на Заев и Ахмети се виновни за довербата во судството од само 2 проценти. Неопходни се реформите во правосудството како клучен предуслов за враќање на довербата на граѓаните, обезбедување владеење на правото и гарантирање еднаквост пред законите. Во услови кога има сериозни обвинувања за политички притисоци и селективна правда од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ неопходен е сеопфатен и суштински реформски процес, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top