Македонија македонија

ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори, 29 отсто не знаат кој е лидер на СДСМ

Најголем дел од граѓаните се согласуваат дека најважен проблем во државата се криминалот и корупцијата, додека втор најважен проблем се инфлацијата, растoт на цените и трошоците за живот. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници. Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е партијата со најголема доверба кај граѓаните.

Граѓаните на Македонија сметаат дека најголем проблем во државата се криминалот и корупцијата. Следува инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот. Испитаниците одговорија дека за нив проблем се и невработеноста, ниските пензии и плати, проблемите во здравството, емиграцијата, образованието…

mkd.mk

Споредено со резултатите од истражувањето спроведено во март 2024, перцепцијата на јавноста за корупцијата и криминалот како најважен проблем во земјата се намалува, додека во фокус останува инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот.

mkd.mk

На прашањето за предложената мерка од премиерот за распуштање на Судскиот совет за подобрување на правосудниот систем, позитивно одговориле 43,2 отсто од граѓаните, а за 33,4 отсто од испитаниците тоа е негативна мерка.

mkd.mk

Најголем дел од граѓаните знаат кој е новиот лидер на СДСМ, додека 28,8% е изјасниле дека не знаат. Процентот на оние што не знаат е поголем кај испитаниците од албанска националност.

mkd.mk

На прашањето за која партија би гласале на парламентарни избори, доколку истите би се одржале утре, најголем дел од одговорите на оние кои рекле дека ќе гласаат, речиси половина, се однесуваат на партијата ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Вреди исто така е во пораст споредено со парламентарните избори, ДУИ стагнира, а СДСМ е со голем пад.

Анкетирањето беше спроведено од 16 до 25 септември 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, односно со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Извор: mkd.mk

To top