Македонија итни промени

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС раст на БДП по глава на жител за 7 години е 20%, додека во регионот над 50%, покажаа дека се неспособни и неможат да ја водат државата

Имаме 600.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС раст на БДП по глава на жител за 7 години е 20%,  додека во регионот над 50%, покажаа дека се неспособни и неможат да ја водат државата

Со СДС раст на БДП по глава на жител за 7 години е 20%, додека во регионот над 50%, покажаа дека се неспособни и неможат да ја водат државата. Сите земји од регионот ја оставија Македонија зад себе гледано според БДП по глава на жител, тоа е факт кој од СДС колку и да се трудат да го негираат неможат. Вината за заостанувањето на Македонија зад земјите од регионот е исклучиво на СДС, тие имаа шанса и не направија ништо за економијата, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираа дека, не е само растот проблем, во исто време кога инфлацијата паѓа секаде, во Македонија се уште има инфлација за 50% поголема од еврозоната. На домашен план, секој еден човек знае колку лошо се живее со оваа власт. Заради СДС секој 3 граѓанин е сиромашен. Имено 600.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.

-За 7 години власт со СДС состојбата на економски план во Македонија не само што не се подобрува, туку и се влошува. Потребни се итни промени, за Македонија повторно да биде твоја, на граѓанинот, промените се во твои раце, соопштија од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top