ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник и во Собранието влегува со 59 пратеници.
Огромен пораз доживеа СДСМ на денешните парламентарни избори во Македонија. Резултатите покажаа дека оваа партија ја стигна голема казна од народот.
Според досега преброените 95,27% од гласовите на избирачите, ВМРО-ДПМНЕ освои 412.419 гласови.
СДСМ ја доби поддршката од 146.016 гласачии.