Македонија Се намалува нивниот рејтинг

ВМРО-ДПМНЕ: Сите го напуштаат бродот кој тоне, коалицијата на СДС рапидно се намалува

„Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Сите го напуштаат бродот кој тоне, коалицијата на СДС рапидно се намалува

Видлива е нервозата кај СДС, секој ден се намалува нивниот рејтинг, коалцискиот капацитет и довербата кај граѓаните па мора да лажат и глумат единство. СДС останува со се помалку партии во својата коалција затоа што сите го напуштаат бродот кои тоне, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски и Зечевиќ не знаејќи како да ја сокријат разочараноста кај граѓаните од лошите и анти-државни политики, па мораат да го креваат моралот кај своето членство лажејќи за некакво си окрупнување на колацискиот капацитет. Имено, станува збор за политичката партија ПЕИ, која веќе 9 месеци не постои како политички субјект, а СДС ги преставува како нивни коалциски партнер кои дава поддршка за Пендаровски Стево. Како што може да се види од судскиот регистер, Партијата за европска иднина- ПЕИ има решение за бришење од списокот на политички партии во Македонија на 06.06.2023 година, се наведува во партиското соопштение.

„Ковачевски и Зечевиќ и да формираат 20 нови политички субјекти или да се сликаат уште со 10 други политички партии кои се згаснати нема да ги спаси од катастрофалниот пораз кој ќе го доживеат на следните парламентарни и претседателски избори.

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top