СДС пред да излезе на прес-конференции и да шири манипулации и лаги најдобро е прво да си ги проверат информациите и сопствениците на посочената компанија, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.
Антикорупцискиот тим на СДС кога зборува за корупција и криминал нека го провери најпрво делувањето на Љупчо Николовски кој наместо да спречува корупција ја креирал на чело со Заев и Филипче.
Ако СДС бара корупција и криминал нека почне од отписот на 2000 тони жито преку камуфлажата со набавка на нови 20 000 тона поскапо платено жито за 1,3 милиони евра народни пари до грантот од 1,4 милиони евра за Мамас и кланот Заеви.
СДС нека каже од каде им се златните визи на Филипче, Заев луксузните вили и јахти.
Ако СДС бара корупција и криминал нека провери и кај модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана, набавките на вакцини на Филипче, фотоволтаичните централи на брат му и на Вице во Дојран, аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо итн.
За чистење на буџет зборува партијата која потроши милионски буџети на државата ја ограби и ја остави на раб на банкрот.
СДС со лаги не може да ја прикрие корупцијата што ја создадоа во државата, од пасоши до тендери, од енергетика до здравство, од локални до централни институции.
Во СДС сè уште се брои кој колку се офајдил од шемите на Заев, Николовски и Филипче, стои во реакцијата на владејачката партија.