Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема никаков кредибилитет да говори за енергетиката

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема никаков кредибилитет да говори за енергетиката

СДС нема никаков кредибилитет да говори за енергетиката. Всушност во овие моменти нивниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е се уште во бегство поради криминал. Таков е случајот со набавка на мазут, како и набавката на адитиви. И додека сеат лажна грижа државата се уште треба да ги плаќа фактурите од 300.000 евра месечно што треба да се плаќаат 15 години по ред.

И додека креираат паника со испадот на мрежата, да не се заборави дека нивниот лидер Филипче со денови е на одмор во Дубаи од каде има златна виза.

Предизвиците во производството на електрична енергија, особено во РЕК Битола, се токму благодарение на погрешните и нечесни политики што ги водеше СДС. Таму, вработените, за време на грејната сезона, па и во моментов, деноноќно функционираат во состојба на готовност за да се справат со сите предизвици и несоодветно одржуваната техничко-технолошка опрема.

СДС функционира врз основа на шпекулации и фабрикувани полувистини. Да потсетиме, и пред пет месеци, среде грејна сезона, тврдеа дека РЕК Битола само што не колабирал. Сепак, фактите ја демантираат опозицијата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во енергетиката, особено во капацитети како РЕК Битола, не постојат инстант решенија и санација на состојбите преку ноќ. Она што СДС го уништи за седум години, е невозможно да се санира во краток рок.

Енергетскиот сектор е оставен во состојба на хаос и колапс како директна последица од седумгодишното недомаќинско и криминално владеење на СДС и нивните коалициски партнери.

Што затекнавме?

Преносната и дистрибутивната мрежа е во катастрофална техничка кондиција. РЕК Битола беше затекнат со уништена механизација и нерегуларно одржувани капацитети. Вработените работеа во небезбедни услови, а дел од поранешните менаџери се под истрага.

Дополнително, доделени беа премногу дозволи за фотоволтаични централи без ред и согледување на капацитет на мрежа, со моќност од 9500 MW кои ја надминуваат потребата за електрична енергија во државава повеќе од седум пати, со што директно се загрозува флексибилноста и адекватноста на електроенергетскиот систем.

Наследивме девастиран систем, со трансформатори од 1978-ма година. Криминално набавени нови трансформатори, со нереално високи цени кои се расипуваат две години после набавување, иако векот на користење би требало да е 40 години.

Исто така, поради криминални побуди, се каснеше со набавката на шант реакторот за корекција на напоните, и како што досега неколку пати сме потенцирале набавен е по нереално висока цена, додека во мрежа треба да биде пуштен во работа дури на крајот на 2026-та година.

Наследивме криминални договори за поправка на дотраени трансформатори, без визија и без водење на сметка на системот и државните стратешки интереси како што е енергетската стабилност.

Наследивме систем во кој средствата на граѓаните безмилосно и душмански се трошеа на спонзорирање на сомнителни спортски теретани и прикриени партиски активисти.

Наместо зголемена сигурност и стабилност преку поврзување со нашиот сосед Албанија, наследивме криминален договор преку кој се протежираа бизнис интересите на СДС и ДУИ.

Ова мора да престане. Потребни се системски реформи, одговорност за стореното и враќање на професионализмот и транспарентноста во енергетскиот сектор. Граѓаните заслужуваат сигурно, квалитетно и чесно управувано снабдување со електрична енергиja.

Јасно е дека СДС е синоним за криминал, корупција и предавства.

Најнови вести од Македонија

To top