СДС се синоним за криминал и корупција. СДС се синоним за уништување на институциите на системот, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ долго време зборуваше за криминалот кој што СДС го правеа во енергетскиот сектор, богатејќи се на грбот на обичниот македонски граѓанин. За задоволување на нивните криминални амбиции за стекнување милионски богатства, граѓаните беа принудени да плаќаат повисока цена за електрична енергија.
Деновиве македонската јавност беше сведок на испливување на површина на криминално корупциските шеми на СДС во енергетскиот сектор. Надлежните институции открија криминал вреден 6.5 милиони евра во македонските енергетските комбинати под водство на кадрите на СДС, како што Васко Ковачевски.
Седум години енергетскиот комбинат РЕК Битола, под водство на СДС и на Васко Ковачевски беше пустошен. Матните тендери во РЕК Битола, преку кои се испумпуваа милиони, резултираа со поскапа струја за народот.
Но од ваквите криминални лица и дејанија СДС не се оградува. Освен бледото соопштение на СДС за последниот случај на криминал во РЕК Битола, не видовме дистанцирање на партијата од нивните некогашни челници во енергетскиот сектор“ потенцираат во соопштението.
Со неоткажувањето од некогашните челници во енергетскиот сектор, како Васко Ковачевски, кои се товарат за сторен криминал во вредност од 6.5 милиони евра, СДС не се откажува ниту од криминалот во РЕК Битола, соопшти партијата.
Со неоткажувањето и недистанцирањето од директните учесници во милионските криминални шеми и милионски грабеж во РЕК Битола, СДС само потврдува дека е соучесник и дека украдените милиони ги делеле на братски начин, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.