СДС 3 дена не одговара дали зад соопштенијата во кои се шират лаги и невистини стои Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија наведуваат дека, СДС 3 дена молчи, да одговори дали од скопски хотел овие двајца го тераат нивниот центар за лаги и манипулации, а тие само го говорат тоа што ќе им се напише.
„СДС треба да одговори дали по препорака на Заев, Филипче имал средба во Ниш за да го договори Шчекиќ?
Вистината секогаш излегува на површина, колку и да сакаат СДС и Филипче да ја сокријат“, нотираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.