СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја пора на општеството. Во Македонија со СДС услугите кои треба да ги пружи државата на граѓанинот станаа мисловна именка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Лотариска среќа е ако може некој да извади пасош и лични документи, пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде, не само младите туку и сѐ повозрасни размислуваат да ја напуштат земјата не гледајќи веќе ниту систем, ниту ред, СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен. На врвот на листите на корупција, мизерија и немаштија сме. За 7 години колку што се на власт СДС и ДУИ ја презадолжија државата, го урнисаа системот и криминалот го направија столб на своето функционирање, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Ова не е Македонија што народот ја сака и ја заслужува. Овие избори се последна шанса за спас. Шанса во која може да се верува, избор во кој мора сите граѓани да учевствуваат. Македонија е едноставно одземена. Но, промените се можни и се на дофат. Промените се во твои раце! Македонија повторно ќе биде твоја“!