Македонија Одговорност има

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од Ковачевски, Груби и Андов и да поддржат интерпелација на Коцевски за да се одглават постапките

-Нема повеќе “како до сега” и тоа веќе и самите го гледаат. Одговорност има. И допрва јавноста ќе дознава што правеле СДС со години, како ја ограбувале државата и ја понижувале на секој чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од Ковачевски, Груби и Андов и да поддржат интерпелација на Коцевски за да се одглават постапките

СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките. Васко Ковачевски е фатен во милионски криминал, а СДС молчи и не се оградува од него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС уште се нема оградено и од Артан Груби, кој избега и украде се што можеше да украде додека беше на функција. По истата логика СДС сега си го брани и членот на ЦО Филип Андов кој беше директор на затворот Шутка и кој жареше и палеше во затворот додека во него имало бројни криминали. Народот виде какви криминалци ја воделе државата со години. И сега откако треба да одговараат тие, еднаш ги штитат судиите, еднаш се согласуваат дека ЈО Љупчо Коцевски не работи како што треба, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Ако се согласни во ставовите кои секој ден различно ги лиферуваат, ајде нека поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски и реформи во судството, или им одговара “матна вода” за да ловат како до сега?

-Нема повеќе “како до сега” и тоа веќе и самите го гледаат. Одговорност има. И допрва јавноста ќе дознава што правеле СДС со години, како ја ограбувале државата и ја понижувале на секој чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top