Македонија рек битола

ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола повторно со само еден блок на мрежа

Како што предупредивме во претходното сопштение, денес во раните утрински часови од мрежа испадна БЛОК 3 од РЕК Битола, односно што би рекле од Електрани на Македонија ‘’плански’’ испадна Третиот БЛОК поради немање јаглен. Деновиве со влошувањето на временските услови нагло паднаа резервите на јаглен на деопинијата во Термоелектрани Битола и мораше во Вторникот да се исклучи Блок 1, а денес и БЛОК 3, се вели во Фејсбук статусот на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Освен јаглен, во РЕК Битола деновиве најбарано нешто е столче за место поради полнење на службите со партиски војници, роднини и полтрони во ионака преполната администрација. Малку беше крадењето со секој тендер и механизација во РЕК Битола, деновиве се ангажираат нови 460 лица, а во Електрани на Македонија нови 90 лица. Немањето основни познања за енергетиката, немањето техничка дисциплина кај ‘’пручените партиски полтрони’’ и свирачи на раководни места, на површина ги извади сите проблеми во РЕК Битола и во енергетскиот систем на Македонија, проблеми за коишто ВМРО ДПМНЕ веќе подолг период алармира. Како резултат на тоа, деновиве се очекува поскапување на електричната енергија кое ќе биде 6 – то по РЕД. Седум години со Електраните на Македонија раководат кадри на СДСМ и ДУИ, чија стручност ја доведува во прашање иднината на РЕК Битола како и на целокупниот енергетскиот систем. Тоа повлекува неквалитетно направен ремонт, зголемување на бројот на дефекти и испади на блоковите како денешниот, ископ на јаглен речиси и да не постои, зголемена потрошувачка на мазут, помало производство на електрична енергија, истакнуваат од Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Затоа, новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ која ќе го поттикне и ќе го поддржи развојот на домашните енергетски капацитети, ќе овозможи зголемување на домашното производство на електричната енергија и пониска цена на истата, додаваат од таму.

Најнови вести од Македонија

To top