Македонија РЕК Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Прилагодувани биле тендерските услови во РЕК за Марковски да го добие рекордниот тендер од 46 милиони евра- досега државата на оваа фирма и дала 163 милиони евра или половина од парите за когенеративна централа

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека за три години во РЕК Битола оваа компанија, Марковски, има добиено 58 тендери со вкупна вредност од неверојатни 163 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ: Прилагодувани биле тендерските услови во РЕК за Марковски да го добие рекордниот тендер од 46 милиони евра- досега државата на оваа фирма и дала 163 милиони евра или половина од парите за когенеративна централа

Во РЕК Битола доделен е тендер за ископ на јаглен во рекорден износ од 46 милиони евра. Овој тендер е врв на криминалот во ЕСМ, бидејќи го добива омилената фирма на власта, Марковски компани, која притоа не ја дава најниската понуда. Фирмата на белорускиот конзул Марковски ( што говори за наводната прозападна ориентација на СДС и ДУИ) имала за 30% повисока понуда и истата мистериозно го добила тендерот. Оваа разлика очигледно е голема и постои основан сомнеж дали истата била искористена да се подмачкаат комисии, директори, а можеби и членови на влада, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Постои и основано сомнение дека е прекршен законот за заштита на конкуренција со тоа што комисијата за овој тендер поставила такви услови со кои се фаворизирал операторот Марковски. Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Како е возможно иста машина да е ангажирана три пати, како денот да има 72 часа?! Освен овој 46 милионски тендер, истата механизација и истите капацитети на Марковски се веќе ангажирани токму во РЕК во два други тендери. Со  договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека за три години во РЕК Битола оваа компанија, Марковски, има добиено 58 тендери со вкупна вредност од неверојатни 163 милиони евра.

-Дополнително зошто критериумите за тендерот ги следат пропорционално условите кои ги исполнил операторот Марковски, односно на претходниот тендер (кој исто така го добил Марковски) се барало да има има ископано 5 милиони кубици јаловина, а сега се бара 8 милиони, што одговара со разликата која ја направил во минатиот тендер. За три години во РЕК Битола оваа компанија, Марковски има добиено 58 тендери со вкупна вредност од неверојатни 163 милиони евра. Тоа е повеќе од половина од средствата кои се потребни за изградбата на Когенеративната централа во Скопје, која државата планира да им ја даде на грчки Митилинеос под оправдание дека нема пари. Епа ќе нема пари затоа што парите заминуваат на матните тендери каков што е овој последниот од 46 милиони евра со омилената фирма на СДС и ДУИ за работа во РЕК Битола, Марковски, се наведува во соопштението.

To top