Македонија ФИТР објави скандалозен повик

ВМРО-ДПМНЕ: Поврзаноста и блискоста со власта од јавна тајна, стана пишан услов за добивање на грант од институциите водени од СДС

„Бараме огласот веднаш да биде повлечен. И оставка од директорот на ФИТР, ваквата груба партизација мора да запре. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Поврзаноста и блискоста со власта од јавна тајна, стана пишан услов за добивање на грант од институциите водени од СДС

Поврзаноста и блискоста со власта од јавна тајна, стана пишан услов за добивање на грант од институциите водени од СДС. ФИТР објави скандалозен повик за доделување на грант, каде главен услов е апликантите да бидат признати и во добра состојба со соодветните власти на Република Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И по 24 часа наместо оставака од директорот на ФИТР, има молк од институцијата. А молчи и Ковачевски. Наместо да се кријат и директорот на ФИТР и Ковачевски да кажат кој е тој документ со кој се докажува блискоста со власта? Дали тоа е партиска препорака добиена од ОО или пак партиска донација кон СДС или ДУИ? Скандалозно и неприфатливо е што наместо одговорност има молк, се наведува во партиското соопштение.

„Бараме огласот веднаш да биде повлечен. И оставка од директорот на ФИТР, ваквата груба партизација мора да запре. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top